Утрово еден притвореник со лисици ѝ избегал на Сплитската судска полиција, пренесува хрватски „Индекс“.
Неофицијално, станува збор за Бранимир Чалета, чие судење за убиство започнало во окружниот суд.
Чалета избегал од судската полиција кога го одвеле од судот до службеното комбе што требаше да го врати назад во затворот во Билице.
Со цел да го спречат да избега, судските полицајци пукале во воздухот, но сето тоа било безуспешно.
Полицијата го потврдила инцидентот и соопштила дека во 12:10 часот на улицата Гундуличева во Сплит, едно лице под надзор на судските полицајци избегало, поради што „полицијата презема мерки за негово пронаоѓање“. Потрагата по него продолжува.
Чалета е обвинет за силување и убиство на една бремена Украинка.