СПМ поднесе предлог-закон за бранители во Собрание

од Nikola Popovski
36 прегледи

Денес Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ до сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија достави Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.

Со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства се уредуваат посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, како и условите и постапката за нивното остварување.

-Со примената на законот се утврдија голем број на недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на безбедносните сили во Министерството за одбрана и Армијата и Министерството за внатрешни работи, односно различна примена и нееднакво спроведување на правата предвидени во самиот закон. Доколку се погледне целиот текст на законот, речиси и да (нема) право да му следува на неповреден припадник на безбедносните сили и сметаме дека оваа неправда треба да се исправи и во предлозите што денес ги доставуваме да бидат составен дел од законот каде ќе биде опфатена наведена наведената категорија на припадници на безбедносните сили, велат од СПМ.

Оттаму додаваат дека со овој предлог закон со додавање на неколку измени се додаваат права на припадниците на безбедносните сили, права кои со постоечкиот закон им припаѓале единствено на загинат или повреден припадник на безбедносните сили (Право на ослободување при користење на здравствени услуги, предност при вработување, стан под закуп, еднократен паричен надоместок, образование за децата на бранителот …).

-Повикуваме сите пратенички групи да го подржат овој предлог на закон, да дадат подршка и да го стават во процедура за донесување и што побргу истиот биде изгласан во Собранието, стои во соопштението на СПМ.

Премиерот Мицкоски не сака да прогнозира кога најавениот Закон за бранители ќе дојде на дневен ред во Собранието, но потенцира дека кога ќе дојде, ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Шефот на владата дециден-не работам под закани и уцени, по изјавата на пратеникот Халил Снопче од ВЛЕН дека ќе ја напуштат Владата ако законот биде изгласан. Мицкоски кратко одговори-нека му е со среќа.

Со Предлог-законот за бранителите се допрецизира веќе утврдено право на правичен надоместок за жртвите и за настанатите последици, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, која е предлагач на решението.

Таа уверува дека Предлог-законот не е провокација, ниту обид за дестабилизација на земјата. Според Петровска, собирањето потписи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е чекор назад и обид да се избегне одговорност.

Затоа што не се свикува Комисијата за труд и социјална политика, ниту од претседателката, ниту од спикерот, Левица ќе му поднесе кривична пријава на Гаши.

Слични содржини