Спор меѓу Грција и Турција околу ПЦР-тестовите на фудбалерите на Галатасарај

од Nikola Popovski
250 прегледи

Денес Министерството за надворешни работи на Турција остро ја критикуваше официјална Атина поради барањето за дополнителен ПЦР-тест и одбивањето на турскиот фудбалски прволигаш Галатасарај да влезе во Грција.

Турција ги обвинува грчките власти за малтретирање на тимот од Истанбул.

„Не е пристојно да се одбие негативен ПЦР-тест и да се побара целиот тим за нов тест“, рече турското Министерство за надворешни работи.

Галатасарај го оцени однесувањето на грчките власти како јасна дискриминација и побара извинување.

Турскиот прволигаш пристигна на аеродромот во Атина во понеделникот, бидејќи требаше да одигра пријателски натпревар со грчкиот Олимпијакос, пренесува Танјуг.

Сепак, пред да влезат во земјата, од тимот беше побарано да направи нов ПЦР тест, бидејќи тие не им ги признале тестовите направени во Турција.

Стручниот штаб и играчите го одбија новото тестирање, бидејќи со нив имаа тестови кои не беа постари од 24 часа.

На тоа, шефот на грчката цивилна заштита, Никос Кардалиас, одлучи да не му дозволи на турскиот тим да влезе во Грција.

Слични содржини