Според Блумберг, Македонија ќе стекне колективен имунитет во 2031 година

од Nikola Popovski

Според Блумберг, ако вака продолжи вакцинацијата во Македонија, колективен имунитет можеме да очекуваме дури во 2031 година. Оваа проценка е направена врз основа на фактот дека само 0,3 проценти вакцинирано население до 6 април, односно 14 000 аплицирани дози.

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува овој медиум.

Србија е неприкосновен лидер по вакцинација за ковид-19 во регионот, но и во самиот европски и светски врв, па за неа се проценува дека ќе ја победи болеста за пет месеци.

За разлика од тука, во соседна Албанија потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Бугарија со 9.215 дози на ден ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.

Во Грција во просек на ден се имунизираат по 39.656 лица, и со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.

loading...

Слични содржини