Според фенг шуи, дрвото најдобро да го сместите во јужната или источната страна на својот дом

450 прегледи

Вештината фенг шуи го приучува уредувањето на домот и живеењето во склад со опкружувањето поради здравјто и среќата. Целта на фенг шуи е привлекувањето и слободен тек на животните сили чи или ки во просториите каде живееме. Доколку правилно ги распоредите работите и го сречите нивното натрупување на едно место, ќе ја отворите вратата од домот на позитивниот чи.

https://www.instagram.com/p/B6ISiuyBuRM/

Најприкладното место за божиќното дрво е источниот дел на просторијата, но прифатливо е да го ставите на југ или југоисток, каде се концентрирани парите, семејството, угледот и прославата. Доколку не успеете да го поставите дрвцето на идеално место, можете да го подобрите енергетскиот тек со украси и бои.

Внимавајте на количината на декорацијата и бојата, не претерувајте со црвена боја бидејќи има енергија на оган и може да ја одведе во крајност. таа енергија може да предизвика тензии и расправии. Големината на дрвото треба да биде во склад со големината на просторијата, но и да не биде преголемо со што би и сметало на чи енергијата.

Дрвото припаѓа на елемнтот дрва, па најдобро би било да е сместено на исток, југоистој или југ, зони во кои ќе се чувствува најдобро и ќе биде во неговата природна позиција. Зоната исток се врзува со здравје, раст, активност. Југоистокот ги потенцира семејството, нежност, давање, а југ славењето, гордост, чест и признание.

https://www.instagram.com/p/B6IHCxYnVzW/

Како да го декорирате дрвото кое се наоѓа во одредена зона од домот:

– Север (кариера, можности) – користете елемент на вода и метал, односно темно сина, сива, сребрена, црна, бела, златна боја и брановити и округли форми. Сијаличките нека бидат бели.

– Североисток (самомотивација, учење) – користите црвена, портокалова, циклама, жолта боја или сите земјени тонови.

– Југоисток и исток (раст, активност, нежност, креативност, семејство) – поволни се боите од природно дрво, сина и зелена од светол до среден тон, тиркизна, издолжени и вертикални облици.

– Југ (чест, признание, духовност, слава) – одлична е црвената, портокаловата, циклама, зелена, сина или природни декорации, ѕвездени и шпицести облици.

– Југозапад (партнерство, брак, мајка) – земјени тонови, жолта, портокалова, црвена, циклама, рамни, коцкасни и правоаголни облици.

– Запад (финансии, деца, забава) – користете земјени тонови како и метални бои, бела, сива, сите металик бои, златна, кристали, огледалца и округли облици.

– Северозапад (великодушност, татко, патувања, дисциплина, организираност) – исто како и за запад.

 

Според фенг шуи, дрвото не треба да го поставувате:

– Во ходник или во собата на место каде може да го блокира протокот

– Во подрачје каде може да го блокира протокот на чи енергијата општо

– Во близина на извор на топлина како отворен камин или радијатор.

https://www.instagram.com/p/B6DkWHsBffR/

Свеќите ќе внесат свечена атмосфера

Свеќите, особено доколку се од природни материјали, како соино масло или пчелин восок, ќе ја исчистат енергијата во секој простор и ќе внесат свеќена атмосфера и ќе го оплеменат просторот. Освен тој сјај. тие позитивно ќе делуваат и на чувствата, одобено доколку се правилно поставени. Просториите во кои е најдобро да се чуваат се: спална соба, бања, трпезарија и дневна соба.

– Југ, југозапад, североисток и средиштето на домот – место за големи свеќи или група на свеќи од различни големини.

– Запад, северозапад, исток, југоисток и север – место за мали свеќи.

Слични содржини