Според Филипче, „незадоволството“ на Шилегов е поради притисоци од ВМРО-ДПМНЕ

„Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови“, стои во објавата на претседателот на СДСМ

од Nikola Popovski
42 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МИА

За незадоволството на Петре Шилегов од раководството на СДСМ, лидерот на партијата Венко Филипче, проблемот го лоцира во ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека владеачката партија пронашла „еден од нив кој е послаб“ и „ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови“.

Сепак, тврди Филипче, дека нема да се „пресметуваат“ со Шилегов.

„Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор“.

Со овие пораки започнува објавата на претседателот на СДСМ, која продолжува со констатацијата дека „паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“.

Филипче укажува дека тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.

Поранешниот функционер од редовите на СДСМ, Петре Шилегов вчера не го криеше своето незадоволство од состојбите во неговата матична партија. Тој побара оставка од лидерот на СДСМ, само еден ден по изборот на новото раководство на партијата.

„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова година, Божиќ, ќе се заборави….“, објави Шилегов на социјалните мрежи.

„Или си СДСМ или си тезгарош“, порача Шилегов и побара оставка од Филипче