Спортска активност „Дојди во парк со велосипед“

од desk4
172 прегледи

Втора спортска активност „Дојди во парк со велосипед“ организира денеска Општина Чаир, организацијата „Center for common ground“, Амбасадата на Велика Британија и на Холандија во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија“.

Од општина Чаир информираат дека целта на оваа активност е да се промовира велосипедизмот како корисна спортска активност за здравјето и за чистотата на воздухот, но пред се да се стимулира соработката, да се промовира толеранцијата, мирниот соживот и социјалната кохезија.

– На најавениот круг со велосипеди ќе учествуваат амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се наведува во соопштението од Општината.

Слични содржини