Фотографии од новата генерација на 508-ката на Peugeot се појавија на интернет, непосредно пред светската премиера на овој модел.

Моделот Peugeot 508 за 2019 година што ќе ѝ биде претставен на јавноста на автосаемот во Франкфурт во почетокот на март, има поспортски изглед од претходникот кој беше дизајниран како класична семејна лимузина.
Предниот дел на автомобилот делува поагресивно, благодарение на специфичниот облик на хаубата и тенките, каскадно обликувани фарови на кои се надоврзуваат вертикално поставените дневни LED светла.
Слична дизајнерска идеја е остварена и во задниот дел, благодарение на малиот спојлер на врвот на вратата за багажникот со тенки LED светла и затемнетата површина меѓу задните светлосни групи.
На фотографиите што се појавија на интернет е прикажана и GT верзијата што напред има поинаква маска, а назад две хромирани издувни цевки.

508 GT има аеродинамични додатоци на страните и црни надворешни ретровизори.
Погледот во кабината открива доза на луксуз и препознатливиот i-Cockpit од втората генерација, што подразбира нешто пониска позиција на воланот и подигната положба на инструмент-таблата во која возачот гледа преку воланот.
Автомобилот има минимални физички команди, а до повеќето функции и содржини се пристапува преку централно поставениот екран на мултимедијалниот систем.

Податоците за тоа што е крие под хаубата засега се непознати, но се шпекулира дека новиот Peugeot 508 во понудата ќе има 1.5 и 2.0 BlueHDi дизел мотори, како бензински агрегати од најновата генерација.
Се спомнува и хибридна верзија со вкупна комбинирана моќност од 300 кс.