Спречена голема катастрофа – горел метан во прочистителната станица во кочанско

Предизвикана е само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Радио Кочани

Голема катастрофа била спречена откако пожар избувнал синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци, информираат од ТППЕ Кочани. Огнот се појавил околу 20.30 часот на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Според командирот на ТППЕ Кочани, Дарко Апостолов, интервенирале со четири противпожарни возила и осум пожарникари. Имало и едно возило од доброволното противпожарно друштво.

-Беше запалено и зафатен беше дел од прочистувањето на метанот. Нема опаснот, фабриката продолжува да работи и се е во ред моментално, кажа Апостолов.

Предизвикана е само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.