Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ го достигна второто место меѓу вакцините против ковид 19 во светот по бројот на земји во кои е одобрена, надминувајќи ја онаа на „Фајзер“, објавено е на официјалниот профил на руската вакцина на Твитер.
– „Спутник V“ е втора најпопуларна вакцина против коронавирус според бројот на одобренија издадени од регулаторите. Ви благодариме за довербата“, напишаа творците на руската вакцина.
Светски лидер меѓу вакцините според бројот на одобренија е вакцината на британската компанија „АстраЗенека“, која досега е регистрирана во 49 земји.
По неа следи „Спутник V“, одобрен во 45 земји со вкупно население од над 1,2 милијарди луѓе. На трето место е вакцината на американската компанија „Фајзер“, која е регистрирана во 43 земји. Потоа следат трите кинески вакцини – „Синофарм“ (18 земји), „Синовак“ (16) и „КанСино“ (четири земји). На осмото место е вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која досега е одобрена од четири земји.
#SputnikV is now the world's second most popular #CovidVaccine in terms of regulatory approvals. Thank you for this vote of confidence! pic.twitter.com/dYYqLYUYs8
— Sputnik V (@sputnikvaccine) March 5, 2021