Спутник V во моментов е најбараната вакцина во светот

од Берта Китинска
382 прегледи

Реномираниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во новата студија пишува за популарноста на руската вакцина Спутник V, која секоја недела станува дел од програмата за вакцинација во се повеќе земји во светот.

ФАЦ наведува дека досега руската вакцина е регистрирана од 38 земји во светот. Од земјите на Европската унија, Унгарија на некој начин прифати ризик од само-набавка на вакцини, а властите во оваа земја истакнаа дека не сакаат да чекаат одобрување од Европската агенција за лекови.

Исто така, овој викенд Чешка ги иницираше првите разговори со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за набавка на вакцината. Како што посочуваат во ФАЦ, вакцината од руско производство е особено популарна меѓу посиромашните земји, бидејќи дозите се прилично ефтини и може да се добијат за нешто помалку од 20 американски долари, што ги вклучува и двете дози.

Германскиот весник изјави дека руската вакцина е ценета и меѓу научниците, а доволен доказ за ова тврдење е магазинот „Лансет“, кој потврди дека станува збор за ефикасна вакцина.

Со оглед на првичните успеси на руската вакцина, ФАЦ за време на анализата праша дали навистина има потреба од скептицизам поврзан со оваа вакцина. Скептицизмот особено се однесува на западните земји, кои сè уште немаат огромна доверба во Спутник V.

Слични содржини