Д-р Грозданова: Неспоредливи се компликациите од заболување со ковид во однос на реакциите од вакцината „Астра Зенека“

од Берта Китинска

Заклучно со 31 март во нашата земја со „Астра Зенека“ се вакцинирале 663 граѓани постари од 77 години и досега ниту еден од нив не пријавил несакани реакции по вакцинацијата, вели проф. д-р Александра Грозданова, од Националната техничка група за ковид-19 вакцинација, во вчерашната дебата на „360 степени“.

„Заклучно со 31.03.2021, вакцината Астра Зенека кај нас беше дадена кај 663 возрасни пациенти над 77 години, и досега не е покажана никаква несакана состојба, и тоа радува. Оттаму, ако имаше опасност на оваа бројка сигурно ќе се покажеше. Што се однесува до бенефитот, неспоредлива е разликата од еден заболен пациент од Ковид 19 и еден вакциниран граѓанин. Потешки и полоши се компликациите од вирусот доколку некој се зарази. Истата платформа со која е работена Спутник е и онаа на Астра Зенека. Јас уверувам дека станува збор за непотребна паника кај граѓаните и дополнително треба да веруваме на науката и истражувањата и треба да бидеме сигурни во безбедноста“, истакна Грозданова.

Слични содржини