Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Зуди Енузи Кока објави видео од поединци како уништуваат јавни корпи за отпадоци низ центарот на Скопје.
– Ваквото недолично и безобразно однесување каде што може да се види и уништување на јавен имот е забележано на неколку локации низ градот, на местата каде што комуналните служби претходно имаат исчистено, поединци отпадот го разнесуваат намерно и од црни кеси го истураат на јавни површини. Дали станува збор за организирана акција ќе треба допрва да се утврди, информира Кока.
Директорот упати апел граѓаните да реагираат на ваквото срамно однесување, а доколку забележат вакво однесување на поединци или групи истото да го пријават.
-Скопјани заслужуваат да живеат во чиста животна средина, а ваквото однесување е непочитување на трудот на комуналните служби, но и претставува казниво дело, стои во објавата на Кока.