ЈП Комунална хигиена: Контејнерите во наша надлежност се редовно и целосно исчистени

од Vladimir Zorba

„Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса“, соопштија од ЈП Комунална хигиена.

„Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална“, тврдат оттаму.

Слични содржини