237
Владата на Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Северна Македонија и Албанија.
Во Службениот весник во Србија била објавено дека забраната за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и путер во амбалажа над еден килограм.
-Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја прифатил извозната декларација пред да стапи во сила одлуката, пренесува Танјуг.
Привремената забрана за извоз беше воведена на почетокот на септември со цел да се спречи критичен недостиг, беше наведено тогаш.