Срби повторно направија жестока тепачка на Закинтос

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Сега целта на Србите биле двајца Швајцарци, од кои едниот завршил на клиника

Грчките угостители бараат оваа  нетрпеливоста помеѓу Србите и Британците или Американците па сега и Швајцарците мора да престане.

 Група на Срби си замериле со двајца Швајцарци. Едниот од Швајцарците бил префрлен во болница каде што бил хоспитализиран, додека другиот се здобил само со мали повреди по рацете.

Угостителите не можат да ја разберат бруталноста на Србите , не им се верува како може на луѓе дојдени на одмор да им се развие толкава агресија поради било што направено од страна на друг турист за да го претепаат или, да одат до тој степен што го убиваат.

Тие апелираат на самоконтрола, и да престанат да се однесуваат како животни. Фрустрациите треба да се контролираат. Никој нема право да биде насилен со друг човек физички, доколку некој предизвика гнев и бес во вас, исконтролирајте се и решете го тоа на зрел начин, а не како племе.

Конзуларната служба на амбасадата на Србија во Атина за сега нема информации како дошло до уште една тепачка на Закинтос помеѓу Срби и Швајцарци.

Потсетуваме дека , српски државјани се осомничени заа претепување до смрт на Американец, туристот Бакари Хендерсон, на грчкиот остров Закинтос на 6-ти јули.