Србија: 170 новозаразени од 8670 тестирања, тројца починати

од Nikola Popovski
132 прегледи

Во Србија, во последните 24 часа, потврдени се уште 170 случаи на коронавирус, а тројца пациенти починале, со што вкупниот број на смртни случаи поврзан со компликации од Ковид-19 се искачи на 695.

Според најновите податоци, на респиратори се приклучени 46 пациенти, што е за шест помалку од вчера.

Во последните 24 часа биле тестирани 8.670 лица, а во болница се хоспитализирани 1116 лица.

Вкупниот број на регистрирани случаи е 30.548, а од почетокот на епидемијата се тестирани над 862.729 лица во Србија.

Стапката на смртност е 2,28 проценти.