Србија: 412 новозаразени со Ковид-19, тестирани 11.079 лица

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Во последните 24 часа од коронавирусот починаа уште девет лица во Србија, додека заразени се 412 нови лица.

Во моментот има 185 пациенти на респираторот.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, починале 508 луѓе.

Тестирани се 11.079 лица во последните 24 часа.