Србија: 49 починати од корона, 300 се на апарати за дишење

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 3.823 новозаразени со коронавирусот и 49 смртни случаи.

Вкупно 320.167 лица се заразиле со вирусот кај нашиот северен сосед досега, а регистрирани се и 2.931 смртни случаи.

Во моментов има 9.699 пациенти во болница, од кои 300 се на апарати за дишење.

Во последните 24 часа биле тестирани 14.794 лица, а од март вкупно 2.218.185 лица.

Слични содржини