Србија ангажирала моќна американска консултантска фирма која работи и со Пентагон? Целта е да се подобри имиџот поради Косово и Русија

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Властите во Србија ја ангажираа американската консултантска фирма Џон Рендон, за да го поправат „потресениот меѓународен кредибилитет“, објави неодамна Здравко Понош, лидерот на движењето Срце. На истата тема пишуваат и некои американски медиуми кои наведуваат дека „Рендон груп“ и помага на српската влада во преговорите со Косово и односите со Русија.

Во официјалниот американски регистар на Министерството за правда, Владата на Србија се уште формално не се споменува како клиент на некои од лобистичките куќи во САД. Но, тоа не е случај со Стопанската комора на Србија, која склучила повеќе договори со компанијата „Јорктаун солушнс“, чија работа е стратешки консалтинг поврзани со теми кои влијаат на „американско-српските економски односи“, како и „прашања за управување и владини работи“.

Меѓутоа, Здравко Понош, претседателот на движењето Срце, тврди дека владата ја ангажирала американската консултантска фирма Џон Рендон „која треба да го поправи сериозно разнишаниот меѓународен кредибилитет на Вучиќ“.

„Тоа е фирма со висока репутација која има некои американски министерства како клиенти, вклучително и Пентагон и регионалните команди на американската армија. Би било добро да се знае како се плаќа таков ангажман“, заклучи Понош.

А неофицијално може да се слушне дека се работи за компанија која има високо реноме, но и дека не би соработувала со странци без „потврда“ на американската администрација.

Веб-страницата „Интелиџенс онлајн“ напиша и дека Владата на Србија склучила ангажман со Џон Рендон. Тој портал кон средината на јуни објави дека Џон Рендон, шеф на фирмата за односи со јавност „Рендон груп“ и помага на Владата на Србија во преговорите со Косово и односите со Русија.

Во текстот се наведува дека Рендон е еден од многуте американски консултанти и дипломати вклучени „зад сцената во овие прашања кои се исто толку важни за Вашингтон колку што се и за Белград“.

Слични содржини