Србија: Четири нови смртни случаи и 1426 излечени во последните 24 часа

од Nikola Popovski
197 прегледи

Во последните 24 часа, уште 157 лица се заразени со коронавирусот во Србија, објавено е на денешната конференција на Кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Вкупно се заразени 9.205 луѓе, а 189 лица починале. Стапката на смртност е 2,02 проценти.

Досега се тестирани вкупно 91.551 лица, а 5.086 во последните 24 часа.

Во Ковид одделенијата и привремените центри хоспитализирани се 2286 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 57 лица.

Од вирусот во изминатите 24 часа починати се четири лица, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 189 лица од кои 116 се мажи и 73 жени, со вкупна смртност од 2,02 отсто.

Како што оцени Милошевиќ, процентот од 3,03 отсто на новозаболени и зголемувањето на излечените пациенти охрабува, порачувајќи им на граѓаните и понатаму да се придржуваат на владините мерки.

Србија полека излегува од епидемијата и ова е првиот викенд без целодневен полицијски час, кој ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до недела во 5 часот.

Продавниците и супермаркетите денес и утре ќе бидат отворени до 17 часот, а пазарите од 7 до 15 часот.