Србија: Две бебиња заразени со коронавирус, едното е старо само 28 денови

од Nikola Popovski
242 прегледи

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар потврдил дека бебе старо 28 денови е заразено со коронавирус во Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ и дека тоа е второ бебе по ред.

„Веќе имавме бебе кое беше позитивно на коронавирус, но за среќа тоа немаше никакви проблеми или компликации“, рече Лончар за време на вклучувањето во емисијата „Прашалник“ на РТС. Тој додаде дека првото бебе е од Белград и е во домашна изолација.

„Имаме бебе во Мишковиќ, родителите, синот и мајката, целото семејство, сите се изложени на ризик … Мислам дека единствена превенција, сериозен пристап, е целосна изолација на луѓето кои не мора да бидат во работниот циклус. Подобро е луѓето да бидат трпеливи да ни дадат шанса да ги лекуваме на квалитетен начин, односно да не постапуваме по принципите на воената медицина “, рече директорот на КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, доктор Владимир Ѓукиќ, за ТВ Пинк.

Тој изјави дека во Клиниката имало 120 пациенти и дека сите не се со добра клиничка слика.

„Едниот е на респираторна машина, неколку се на кислородна поддршка, има многу млади луѓе, ги  имаме сите предуслови овие луѓе да бидат добро згрижени и се надевам дека ќе бидат во ред“, рече тој.

Тој додаде и дека се одржало предавање на кинеските колеги.

„Кога ќе се погледне нивната статистика – постарата популација е поранлива, здружените болести придонесуваат за смртност, меѓутоа, и тие беа изненадени од брзиот клинички тек и драстичните патофизиолошки промени во белите дробови“, рече Ѓукиќ.