Србија е прва во светот по бројот на хоспитализирани пациенти со корона

од Nikola Popovski
456 прегледи

Србија e светски првак во „трка“ во која никој не сака да победи, по бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирус. Според податоците од страницата „ourworldindata.org“, која собира и објавува информации на табели, за пациенти со Ковид-19 од целиот свет, пред два дена нашиот северен сосед беше прв на листата на хоспитализирани пациенти на милион жители, објавија српските медиуми.

Оваа „неславна титула е стекната“ со 6.726 пациенти кои се во здравствените установи и привремените болници во Србија, а тоа се луѓе за кои е потврдено дека го имаат вирусот, односно за кои постои сомневање дека имаат коронавирус.

Според бројот на хоспитализирани пациенти поради последиците од коронавирусот, првите три земји во светот се САД, Велика Британија и Србија. Споредено со САД, каде што живеат над 300 милиони луѓе и Обединетото Кралство, која има над 60 милиони жители, во Србија има нешто помалку од седум милиони, а бројот на луѓе кои моментално се во болница е огромен за нашата земја.

За споредба, пред два дена во САД се хоспитализирани 47.612 лица со коронавирус, во Велика Британија 8.238, а во Србија 6.726. Според бројот на хоспитализирани поради Ковид-19 на милион жители, во првите пет земји се најдоа две земји од регионот, Хрватска и Словенија, кои се на второ и трето место.

Она што дополнително загрижува е што во Србија има повеќе хоспитализирани отколку во Франција, Италија и Португалија, земји кои до неодамна беа жаришта на короната, а во кои живеат многу повеќе луѓе отколку кај нашиот северен сосед.

До 15 часот, на 24 октомври, во Србија се регистрирани вкупно 1.098.209 потврдени случаи на Ковид-19, а вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата е 9.509.

Слични содржини