751
Во Србија досега 375.320 граѓани биле вакцинирани против коронавирус. Србија сега е втора земја во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, дознава „Танјуг“ од Владата на Србија.
Велика Британија е на прво место, а по Србија следат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.
Кога станува збор за регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.