Белград го обвинува поранешниот премиер на Косово за извршени воени злосторства
Француската полиција го уапси Харадинај на 4 јануари, постапувајќи по потерница од Србија, која сака да го испраша за кривични дела поврзани со војната 1998-1999 година во поранешната нејзина покраина Косово.
Францускиот апелационен суд оваа недела го ослободи од притвор Харадинај и пресуди тој да остане во Франција, додека биде разгледано барањето за екстрадиција од страната на Белград .
