Србија ги замрзна за половина година контактите со албанскиот амбасадор во Белград Илир Бочка поради недипломатска остапка, најави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Бочка одбил да прифати протестна нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија по повод тежок инцидент и напад врз српскиот национален фудбалски тим, со образложение дека ништо не се случило. Инцидентот се случил во средата на пат од аеродромот до хотелот во Тирана, кога автобусот бил нападнат со камења од непознати лица. “За таква постапка има две решенија: или амбасадорот да биде прогласен за персона нон грата, или да се прекинат контактите со него. Не би сакале да ги влошиме односите со Албанија и за тоа во следните шест месеци амбасадорот нема да се прима од мене, ниту ќе може да биде во контакт со српските официјални претставници “, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. Албанското Министерство за надворешни работи ја опиша одлуката на Белград како диспропорционална реакција.