Србија ја разби Германија и стигна до олимписката бронза

од Nikola Popovski
30 прегледи

Кошаркарската репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри што се одржаа во Париз по победата над Германија со 93:83.

Избраниците на Светислав Пешиќ брилијантно го отворија натпреварот. Првата четвртина ја завршија со девет поени разлика, а на крајот ја задржаа таа предност и го освоија медалот.

Најголемата предност, Србите ја имаа во третата четвртина кога водеа со 19 поени разлика.

Србија до бронзата ја предводеше брилијантниот Никола Јокиќ, кој забележа трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Мициќ се придружи со 20 поени, а Богдановиќ постигна 16.

Кај Германците се истакнаа Франц Вагнер со 18 поени, а го следеше Мориц Вагнер со два помалку.

Ова е втор олимписки медал за Србија, откако претходно го освоија среброто на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Големото финале и борбата за златото е закажано за вечерва од 21:30 часот, а силите ќе ги одмерат Соединетите Американски Држави и домаќинот Франција.

Слични содржини