Србија ја укина забраната за извоз на зејтин

од Nikola Popovski
221 прегледи

По целосен преглед на состојбата со залихите, како и рекордни површини под засадување сончоглед, Владата на Република Србија донела одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло за јадење. Дополнително, надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно да преземаат соодветни мерки.

Тамошната Влада во претходниот период ги укина забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

Српската Влада ја донесе и одлуката за времено намалување на акцизите на одредени нафтени деривати за 10 отсто.

-Oваа одлука е донесена имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар, која негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните, како и зачувување на економската стабилност, порачуваат од српската Влада.

Слични содржини