Србија: Починаа уште 5 лица, вкупно 670 жртви на коронавирус

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Уште пет лица починаа во последните 24 часа во Србија, а на 238 им беше дијагностицирана инфекција со коронавирус.

Од петок во 15 часот до сегашниот пресек се тестирани 8.529 лица.

Во Србија, вкупно 670 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирус.

Во болниците во моментов има 1.947 пациенти со Ковид – 19, а 75 пациенти се на респиратор.

Од избувнувањето за епидемијата, во Србија се регистрирани вкупно 29.471 потврдени случаи на заразени со коронавирус, а тестирани се вкупно 798.009 лица.

Слични содржини