Србија: Рестораните, кафулињата и моловите ќе бидат отворени до 20 часот

од Nikola Popovski
306 прегледи

Трговските центри и услужните активности можат да работат до 20 часот со строги контролни мерки, соопштил членот на Српскиот кризен штаб, Бранислав Тиодоровиќ и посочил дека оваа мерка е временски ограничена до петок.

„Мерките ќе стапат на сила веднаш, и тие треба да бидат донесени денес на седницата на Владата на Србија“, реколТиодоровиќ.

Според него, овие одлуки предвидуваат кафулињата и рестораните да работат без музика.

„Домашните тестови беа недоразбирање, тие не требаше да се пуштат во слободна употреба“, рекол Тиодоровиќ, додавајќи дека препораката „ако некој ги направи овие тестови, треба да се консултира со својот лекар“ останува валидна.

Според него, на денешната седница не се зборувало за мерките што ќе важат за Нова година, но за нив ќе се дискутира на седницата во петок.

Слични содржини