Србија сака граѓаните сами да изберат која вакцина ќе ја примат

од Nikola Popovski
283 прегледи

Целото државно раководство работи на тоа Србија да добие безбедни вакцини против Ковид-19, вели премиерката Ана Брнабиќ и додава дека желбата, како што вели, колку и да е тешко, е да им се обезбедат на граѓаните вакцини од различни производители и можност да изберат која сакаат да ја примат.

Таа за ТВ Пинк соопштила дека е договорено со руски партнери до крајот на неделава да пристигнат 20 примероци од „Спутник 5“ во Србија, кои ќе бидат тестирани од нивните надлежни служби.

Брнабиќ изјавила дека денес, министерот за здравство, Златибор Лончар, и таа ќе имаат видео-средба со претставниците на СЗО, а разговорите за вакцината со американскиот „Фајзер“ ќе продолжат во 16 часот.

Таа посочила дека Србија ќе биде единствената земја што не учествувала во третата фаза на клинички студии, но дека, како што рече, благодарение на претседателот Александар Вучиќ и почитта што кинеските партнери ја имаат кон него, нивната земја „веднаш ќе се вакцинира“.

„Вучиќ ги користи сите свои врски, во овој момент не треба да размислуваме за респиратори, тој се избори за тоа благодарение на политичкото влијание што го има. Владата на Србија работи на секојдневна задача да се договори со партнерите, да ги помине сите процедури што ги бара нашиот здравствен систем“, изјавила Брнабиќ.

Слични содржини