Србија: Се препорачува трета доза на вакцина од компаниите Фајзер и Модерна

од Nikola Popovski
349 прегледи

Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните на Србија кои ја примиле втората доза на вакцина против коронавирус пред најмалку шест месеци да им се даде трета, таканаречена „бустер“ доза на вакцина базирана на технологијата на РНК, како што се произведени вакцините од компаниите Фајзер и Модерна.

Се наведува дека препораката до Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата е дадена врз основа на „неколку студии досега што покажаа дека примената на третата доза доведува до зголемување на хуморалниот имунолошки одговор“.

„Врз основа на досегашните, малубројни студии кои покажаа дека употребата на третата доза или бустер дозата на вакцината против ковид 19 доведува до зголемување на хуморалниот имунолошки одговор, експертскиот комитет за имунизација препорачува да се даде трета доза на вакцина против ковид 19 на лица кај кои поминале најмалку шест месеци од примањето на втората доза, без оглед на видот на вакцината што претходно ја примиле“, се наведува во препораката.

Се додава дека третата доза на вакцината може да ја примат „сите други лица кај кои“ поминале најмалку шест месеци од давањето на втората доза.

Конечната одлука за примена на третата доза треба да ја донесе Кризниот штаб на Србија на 1 август.

Слични содржини