Србија: Уапсен ученик кој нацртал училница и крвави тела кои лежат, а потоа цртежот го испратил на својот клас

од Stefanija Kuzmanovska
441 прегледи

Припадници на МВР во српски Зрењанин по наредба на основниот јавен обвинител во Кикинда го привеле А.С.(19) од околината на Нова Црња, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и нареди.

Тој е осомничен дека во група од своето одделение преку мобилна апликација објавил цртеж од училница со крвави тела кои лежат покрај клупи, додека еден држи предмет налик на пиштол, што ги вознемирило учениците и нивните родители.

На А.С му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред Основното јавно обвинителство Кикинда, пишува „Данас“.

Слични содржини