228
Во последните 24 часа, во Србија беа регистрирани уште 1.510 случаи на коронавирус, од 11.521 тестирани, додека 11 лица починаа.
Во моментов, 938 лица се хоспитализирани, додека 30 пациенти се приклучени на респиратор.
Од почетокот на пандемијата, тестирани се 4.895.234 лица, додека бројот на регистрирани случаи е 741.071.
Досега, 7,206 пациенти починале од Ковид-19, а стапката на смртност е 0,97 проценти.