Во Мало Орашје кај Смедерево, каде У.Б.(21) ноќта на 4 мај со калашникови уби осум лица, денеска на локалните гробишта беа погребани М.М.(18), Н.М.(15), Л.М.(20), Н.С.(19) и А.М.(17).
Како што пренесуваат медиумите, денеска во Белград биле погребани и жртвите на седмоодделенецот К.К во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, убиени на 3 мај на час во тоа училиште и К.М. (14) во 11:30 часот на Нови гробишта, Е.К. (14) во 12:00 часот на Централните гробишта, А.Д.(14) во 14:45 часот на гробиштата Нови Бежанија, М.А. (14) во 15 часот и 30 минути на Нови гробишта. Во Лешче е погребан Драган Влаховиќ (51), кој беше чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
Најавено е дека во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе има уште два погреби на жртвите од масовното убиство во училиштето и тоа А.Б. во 15:00 часот и А.Ч. во 16:00 часот.
Во Србија е во тек тридневна жалост, која започна во петокот, на 5 мај, а која тамошната Влада ја прогласи поради масовното убиство во основното училиште во Белград, во кое ученик уби осум ученици и еден чувар со истрели од пиштолот на татко му, а рани уште шест ученици и една наставничка.
Ден потоа во Србија се случи ново масовно убиство кога У.Б со калашникови уби осум, а повреди 14 млади лица во селата околу Младеновац и Смедерево.