Србиновски: Наместо симболични потези, Mакедонија вложува во конкретни способности што ја прават доверлив и подготвен сојузник во рамките на НАТО

„Малите држави, како Македонија, не можат да си дозволат неактивност или политички комфор. Денес, безбедноста не значи само членство во сојузи туку реална подготвеност, модерна армија и одговорна државна политика“, вели аналитичарот Србиновски

од Nikola Popovski
7 прегледи Фото: Александар Србиновски

Малите држави, како Македонија, не можат да си дозволат неактивност или политички комфор. Денес, безбедноста не значи само членство во сојузи туку реална подготвеност, модерна армија и одговорна државна политика, анализира воено-безбедносниот аналитичар, Александар Србиновски за тоа дали нашата земја треба да се осигура во случај на евентуална воена закана од Русија кон Европа односно дали ние потребно дополнително вооружување.

Планот за следните години, според аналитичарот, е Македонија да инвестира околу 900 милиони евра во модернизација до почетокот на 2030-тите. Целта е постепено да се замени старата источна опрема со современи западни системи и целосно усогласување со стандардите на НАТО.

-Со овие чекори, Македонија ја покажува својата сериозност и посветеност. Иако е мала држава, вложува во вистинските приоритети – подготвена армија, модерна опрема и добро обучени луѓе. Наместо симболични потези, државата вложува во конкретни способности што ја прават доверлив и подготвен сојузник во рамките на НАТО. Нашите инвестиции можеби се скромни во апсолутни износи, но се стратегиски прецизни и во согласност со глобалните трендови – со фокус на обука, интероперабилност и човечки капитал, подвлекува Србиновски во анализа за „Локално“.

Дали НАТО е чадор и дали Македонија може целосно да ѝ ја препушти безбедноста: „Не можеме да бидеме пасивен примател на заштита, нашата улога мора да биде активна“

Слични содржини