Министерот за туризам на Република Грција, Харис Теохарис денеска од Белград потврди дека граѓаните на Србија ќе можат да летуваат во Грција и со руските и со кинеските вакцини, како и со негативен ПЦР тест.
Граѓаните на Србија ќе можат летово да го поминат во Грција оваа година со потврда дека биле вакцинирани со било каква вакцина, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи пред официјалниот почеток на сезоната на 14 мај.
Негативен тест ќе биде задолжителен за невакцинираните, а кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на деца до 10 години не им треба вакцина или ПЦР тест, а потребен е негативен тест за деца постари од 10 години.Така, по САД, Велика Британија, Израел и Кипар, Србија ќе биде петтата земја во светот чии граѓани ќе можат да влезат во Грција.
Грчкиот министер за туризам пристигна денес во официјална посета на Србија, при што ќе има низа состаноци со владини претставници и туристички работници.