СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА: Момче седнало во погрешен вагон и ја преживеало катастрофалната железничка несреќа во Грција

од Nikola Popovski

Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеал железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 43 лица, а се уште се трага по многу други. Овој млад човек имал билет за друго купе, но згрешил бидејќи ги измешал бројките.

„Првиот и вториот вагон од возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз. Овој млад човек, да седел таму каде што треба, најверојатно би бил мртов. Петтиот вагон, во кој бил младиот по сопствена грешка, успеал да остане на шините“, изјавил регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за локалните медиуми, пренесува хрватски „Индекс“.

Зборувајќи за Би-Би-Си, Стафилос рекол дека „можеби по чиста среќа или поради Бог“ тој не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Тој додал дека луѓето во неговиот воз биле загрижени по инцидентот и дека се обидел да им помогне и да ги смири.

„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“, изјавил тој. На крајот пристигнала брза помош да им помогне. Тој истакнал дека пред сударот возот стоел околу 15 минути на станицата во Лариса, но тогаш не размислувал за тоа бидејќи доцнењето е вообичаено во Грција.

Потсетуваме дека за оваа сообраќајка надлежните приведоа четири лица. Меѓу уапсените е и шефот на железничката станица во Лариса, за кој се смета дека сноси најголема одговорност за несреќата.

Шефот се извинил и изразил каење на сослушувањето во обвинителството. Според неофицијални информации, осомничените се товарат за кривично дело нарушена безбедност во сообраќајот што предизвикало смрт.

Казните за ова дело се движат од 10 години до доживотен затвор. Претседателот на Панхеленската железничка федерација Дицас истакна дека единствена утеха е што до судирот не дошло во блиските тунели.

„Колку и да изгледа чудно, ова е грешка. Направено е нешто што властите ќе го истражат, но направена е грешка“, рекол тој, истакнувајќи дека тој самиот има 40-годишно искуство и не може да каже дали грешката е направена на земја или во возот.

Слични содржини