Средба Ахмети – Бејли: Нова влада ќе има идната недела

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје имал средба со американскиот амбасадор Џес Бејли.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале за формирањето на новата влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.

– Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија. информира ДУИ.

Други приоритети на новата Влада, наведува партијата на Ахмети, остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.

Ахмети изразил уверување дека нова влада Македонија ќе има идната недела.