Средба Ахмети и Тачи

од desk3
145 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска имаа неформална средба во еден локал во Тетово. Тачи му ја честиташе на Ахмети победата на Рамуш Харадинај на изборите во Косово. Средбата се уште трае, а во секој момент се очекува да дадат изјава двајцата лидери.

Во меѓувреме, пред средбата со Ахмети, Тачи се имал средба со граѓани, каде го повторил својот став во однос на Зедничката декларација на албанските партии, оценувајќи ја како безвредна. Тачи смета дека Ахмети чекори по погрешен пат и дека единствен пат за подобрување на статутот на Албанците во Македонија е носење одлука со консензус во рамки на институциите./ТВ21