Средба Хашим Тачи-Мендух Тачи: Поддршка за референдумот во Македонија и за дијалогот Косово-Србија

од desk2
105 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска на работна средба лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија Мендух Тачи, со кого разговарал за актуелните процеси во двете земји и во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата, во објава на Фејсбук, косовскиот претседател порача дека „Албанците, каде и да се, треба да бидат обединети и посветени на секое решение во рамките на западните вредности.

– Поддршката за референдумот во Македонија и за дијалогот меѓу Косово и Србија е јасна определба за европската иднина на Албанците и на сите народи во нашиот регион, напиша Хашим Тачи по средбата со Мендух Тачи.