Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина ќе се сретне со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

nuland-640x320

Освен кусата најава од Стејт департментот дека Нуланд во Атина ќе разговара за „низа билатерални и регионални прашања, вклучително и економските реформи, бегалската криза, како и енергетската диверзификација“, грчкото Министертсво за надворешни работи не соопшти што ќе бидат главни теми на денешната средба.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, иако во Грција деновиве не се шпекулира за што ќе разговараат Нуланд и Коѕиас, прашањето за името на Македонија веројатно ќе биде една од темите, со соглед на последните случувања за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Средбата на двајцата државници не ја коментираа ниту грчките весници, освен неколку портали кои најавија дека тоа ќе биде „интересен“ состанок./MIA

Слични содржини