Средба на Димитров со Могерини и европските првенци на „Бледскиот стратешки форум“

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во ракмите на Бледскиот стратешки форум остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата соговорниците разговарале за европските приоритети на Македонија.

– Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски – истакнал Димитров по разговорите со еврокомесарот за мобилност и транспорт Виолета Булц и министерот за надворешни работи на Романија Теодор Малескану .

На Форумот во Блед, шефот на македонската дипломатија раговарал и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау како и со министрите за надворешни работи на Малта и Унгарија, Кармело Абела и Петер Сијарто, при што заеднички било констатирано дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни.

Според Димитров непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека Македонија во регионот мора да ги забрза европските интегративни процеси.