Средба на Димитров со шефовите на делегациите на ЕУ од регионот

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска приреди работен појадок за шефовите на делегациите на ЕУ од земјава и регионот, кои престојуваат во земјава по повод нивното меѓусебно регионално советување, кое за прв пат се одржува во Скопје.

На работниот појадок присуствувале и претставници на Службата за надворешни работи при ЕУ (ЕЕАС) и на Европска Комисија, како и на нашето Министерството за надворешни работи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на состанокот имало отворена размена на мислења за состојбите по октомврискиот Европски совет и за можните идни чекори кои ќе претставуваат корист и за Регионот и за ЕУ

Слични содржини