Средба на Лукаревска со директорката на даночната администрација на Република Албанија: Албанија сака да воведе реформа како #МојДДВ

од Nikola Popovski

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска оствари средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај.

На средбата биле пренесени искуствата за проектот #MojДДВ.

Според Лукаревска, може да се заклучи дека Албанија  е сериозно заинтересирана за воведување на иста ваква реформа, па затоа нејзините албански колеги имаа можност одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем.

Со ова, Лукаревска нагласува дека МојДДВ ги докажува добрите резултати во и надвор од нашата држава.

 

Слични содржини