Средба на претседателите на Хрватска и Црна Гора

од Radmila Tasevska

Претседателите на Хрватска и Црна Гора, Зоран Милановиќ и Јаков Милатовиќ денеска се сретнаа во Загреб, по што изјавија дека двете земји имаат пријателски односи кои внимателно ги негуваат.

Милатовиќ, кој е во дводневна официјална посета на Хрватска, прва по преземањето на функцијата претседател на Црна Гора, во Загреб беше пречекан со највисоки воени и државни почести.

Милановиќ му посака добредојде на Милатовиќ и потсети дека ова не е прв пат да се сретнат и оти веќе имале можност да разговараат за повеќето општи политички теми, како што се патот на Црна Гора кон ЕУ.

Слични содржини