Средба на претседателот Пендаровски со претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“

од Radmila Tasevska

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска прими претставници на иницијативата „Подобро за Тетово“ кои ги претставија своите тековни активности.

-Претставниците на иницијативата ги истакнаа своите барања за побрзо институционално разрешување на случаите со автобуската несреќа кај Ласкарци во 2019, случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија во 2021 година и последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот ја нагласил важноста од почитување на приципот на владеење на правото, во насока на изградба на функционална правна држава.

-Претседателот Пендаровски упати апел до надлежните институции за целосно, брзо и ефикасно расчистување на сите случаи и неселективна и праведна казна за одговорните, се наведува во соопштението.

Слични содржини