Средба на Тошковски и Бојмацалиев со амбасадорот на Србија

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска остварија работна средба со амбасадорот на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата министерот Тошковски се заблагодари за целокупната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи. Ова е инклузивен процес кој заеднички го води ова раководство на МВР во насока на организирање фер и демократски избори. Особена благодарност министерот Тошковски упати за разбирањето што Република Србија го има во однос на проблемот со личните документи.

Амбасадорката Јовановиќ исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во борбата против организираниот криминал и граничното работење и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина, особено на патот кон полноправно членство во Европската Унија на двете земји. Ја посочи како приоритетна соработката во рамки на МАРРИ Регионалната иницијатива со која моментално претседава Република Србија, на што со подетално објаснување настапи српскиот офицер за врска во оваа иницијатива, Немања Пантиќ, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност за досегашната добра соработка во духот на традиционалните пријателски односи меѓу нашите две држави, особено за соработката остварена преку иницијативата Отворен Балкан која практично значи олеснување на граѓаните за нормално функционирање и комуникација со државите од Западен Балкан.

Слични содржини