Средба Путин-Трамп – антиглобалистите здивеа во Хамбург

од Vladimir Zorba
111 прегледи

   Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска ќе се сретнат на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург. Според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Москва уште во април доставила предлог теми за средбата меѓу Путин и Трамп.

– Русија очекува реакција од САД, посочи Лавров.

Тој додаде дека Москва побарала од Вашингтон информации и по вчерашната изјава на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за зоната за забранети летови во Сирија.

Во меѓувреме ноќеска  повредени германски полицајци во судири со радикални антиглобалисти. Радикално настроените антиглобалисти  ги продолжија судирите со полицијата во Хамбург . Според силите на редот во германскиот град демонстрантите се разделиле на групи и вршат погроми на пулиците. Околу 15 полицајци се повредени во судирите. Според податоците на полицијата има обиди да биде заслепен пилот на хеликоптер, кој лебди над толпата. Според дописникот на ТАСС демонстрантите тргнуваат  на судири истовремено во неколку реони на градот и се  обидуваат да подигнат барикади. Радикално настроени групи кршат излози, превртуваат  контејнери, палат и  користат петарди. Полицијата возвраќа со солзавец и употреба на  водени топови.