Средба Радев-Мицотакис: Договорите со Бугарија и Грција да бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија

од Nikola Popovski
283 прегледи

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Преспанскиот договор да бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија за членство во ЕУ, повикал бугарскиот претседател Румен Радев на неговата средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Промоцијата на билатералната енергетска, транспортна и економско поврзување меѓу Бугарија и Грција била во фокусот на разговорот. Двајцата го поздравиле обновувањето и натамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваа како клучно не само за билатералните односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.

-Заеднички став беше дека европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитувањето на европските вредности и обврските преземени во билатералните договори, стои во соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател, пренесува БГНЕС.

 

Слични содржини